Економија

БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО МИНИМАЛЕН РАСТ И ПОД ОЧЕКУВАЊАТА

Економијата на Обединетото Кралство во ноември порасна за минимални од 0,1 отсто. покажаа податоците на Канцеларијата за национална статистика. Очекувањата на економистите беше дека растот на британската економија да изнесува 0,2 отсто.

Британската министерка за финансии Рејчел Ривс рече дека е „решена да оди понатаму и побрзо за да го поттикне економскиот раст“.

- Тоа значи генерирање инвестиции, поттикнување реформи и непопустлива посветеност за искоренување на расипничкото јавно трошење, изјави Ривс.

По објавување на податокот за економскиот раст, британската фунта падна за 0,2 отсто во однос на доларот и се разменуваше за 1,2214. Банката на Англија прави дополнителни анализи за тоа дали да ги намали каматните стапки на следниот состанок на 6 февруари, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО