Економија
СВЕТОТ ЌЕ ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ОД ГЛОБАЛНИОТ БДП ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
16.01.2025
Светската економија може да изгуби околу 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП) меѓу 2070 и 2090 година поради катастрофалните шокови од климатските промени, како што се пожарите, поплавите, сушите и порастот на температурата објавија експертите за управување со ризици од Институтот и факулетите за актуари (IFoA).
Експертите од овие организации користеле математички и статистички модели за анализа на финансиските ризици за компаниите и владите.
Податоците од Европската служба за климатски промени покажуваат дека климатските промени ја зголемија годишната глобална температура над договрената цел од 1,5 Целзиусови степени за прв пат по 2024 година, а тоа придонесува за екстремни временски неприлики во светот, пренесува „Политика“.
фото freepic