Економија
ММФ СО ПОДОБРЕНА ПРОГНОЗАТА ЗА ГЛОБАЛНИОТ РАСТ, САД ЈА ЗГОЛЕМУВА РАЗЛИКАТА ВО ОДНОС НА ЕУ
17.01.2025
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави ажурирана прогноза за раст на светската економија, очекувајќи таа да порасне за 3,3 отсто во 2025 година (за плус 0,1 процентен поен), но со зголемени разлики меѓу земјите и регионите.
Меѓу водечките светски економии, најзначајна промена бележи САД со раст од 0,5 процентни поени, така што сега се очекува раст од 2,7 отсто оваа година. Со ова се зголемува разликата во однос на другите напредни економии, особено во однос на Европската Унија.
Новата прогноза е направена без да се земат предвид потенцијалните политики што ќе ги води новиот американски претседател Доналд Трамп.
- Економијата на САД се држи многу добро, со солиден пазар на труд, а приватната побарувачка останува силна. За разлика од тоа, растот во еврозоната кој се зголемува, но ние сè уште ги ревидиравме нашите прогнози надолу, рече Пјер-Оливие Гуринша, главниот економист на ММФ .
Проблемот потекнува од двете големи европски економии, Германија и Франција, чии прогнози се ревидирани надолу, за разлика од Шпанија, која веќе има добри показатели во последните две години. ММФ очекува раст на шпанската економија од 2,3 проценти.
Германија, која имаше две последователни години на рецесија, едвај ќе премине во „позитива“, со очекуван раст од 0,3 отсто. Оцената за Германија е ревидирана надолу од 0,5 процентни од последната прогноза на ММФ во октомври.
ММФ ја ревидираше надолу својата прогноза за економскиот раст за Кина за 2025 година, очекувајќи тој да биде 4,6 отсто, пренесува НИН.
фото freepic