Вести
Економија
Бизнис
Финансии / Банкарство
Интервјуа
Општество
Lifestyle
Убава Македонија
Перспектива
Анализи
Вести
Економија
Бизнис
Финансии / Банкарство
Интервјуа
Општество
Lifestyle
Убава Македонија
Перспектива
Анализи
Претплати се
Логирај се
Економија
Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
21.01.2025г.
Сподели:
Мобилен тим спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција-Косово.
1.100 инсулински игли се откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга пронајдени се и непријавени 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.
183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена.
123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, а управувано од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Делчево.
Служба за мобилни скенери спречи обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на камион со македонски регистарски таблички, во којшто биле скриени деловите.
Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон открија 144 штеки цигари 960 грама тутун.
48 илјади пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока со потекло од Косово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, наменета за увозник од Скопје.
73 парчиња облека и обувки се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.
ПРЕПОРАЧАНО
Николоски: За само една година обезбедивме 21 нова авионска дестинација, наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид
ДОМАЌИНСТВАТА И ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ (НАЈ)ГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ВО СРБИЈА
Дела од отпад од пакување, изработени од ученици од цела Македонија, од утре ќе бидат изложени во „Сити мол“
ТОНИ СТОЈАНОВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ И ШИРЕЊЕТО НА ЗНАЕЊАТА СЕ НАЈВАЖНАТА ЗАДАЧА НА ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА“
Најчитано
30 дена
7 дена
24 часа
КАКВИ ПЛАТИ СЕ НУДАТ НА ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, ДАНСКА...
Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж
ВАРДАР „ПОЛН“ СО ВОДА ПО ДВОДНЕВНИТЕ ВРНЕЖИ, пообилни дождови се очекуваат и за викендот
ЕКСКЛУЗИВНО: ФРАНЦУСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГИ МОДЕРНИЗИРА БОЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
Над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија, поради иницијатива на уставна судијка, изјави премиерот Мицкоски
ОБЕЗБЕДЕТЕ БЕЗБЕДНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
ПЛАЌАЊЕТО ВО ГОТОВО Е ЗАШТИТЕНО ВО УСТАВОТ НА СЛОВЕНИЈА, нагласено е значењето на готовината во кризни ситуации и за заштитата на приватноста
Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро „Младост“