Економија
НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА НА ПАТ ВО НОВАТА ЕРА
22.01.2025
Нуклеарната енергија во 2025 година може да достигне историски рекорд во производството на електрична енергија, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) под наслов „Пат во новата ера за нуклеарна енергија“.
Од нуклеарните централи се произведуваат помалку од десет отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија, а тоа е втор најголем извор на електрична енергија по хидроенергијата. Потребата од нуклерана енергија дополнително расте, поради забрзаното ширење на електрификацијата во индустријата, транспортот и ИТ секторот.
- Над 70 гигавати нови нуклеарни капацитети се во изградба. Тоа е највисоко ниво во последните 30 години, а повеќе од 40 земји во светот имаат планови да ја прошират улогата на нуклеарна енергија во своите енергетски системи, изјави Фатих Бирол, извршниот директор на ИЕА.
Најголем број на нуклеарни централи се градат во Кина, која до 2030 година може да ги надмине капацитетите во САД и Европа. Русија останува клучен играч во областа на нуклеарната технологија, бидејќи 40 отсто од глобалните капацитети за збогатување на ураниумот доаѓа од оваа земја, пренесува „Енергетика.ба“.
фото freepic