Економија

ТРАМП СО ПОРАКА ОД ДАВОС: КОМПАНИИТЕ ОД СВЕТОТ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ВО САД ИЛИ ЌЕ ПЛАЌААТ ЦАРИНА

„Мојата порака за секое претпријатие во светот е едноставна: дојдете и произведувајте ги своите производи во Америка и ние ќе ви понудиме едни од најниските даноци во светот“, изјави Доналд Трамп, претседателот на САД, во обраќањето преку видео-линк пред присутните на Светскиот економски форум во Давос.

Американскиот претседател пред присутните лидери во бизнисот и во политиката, нагласи дека ќе ги намали даноците доколку компаниите го преселат производството во САД.

- Ваше право е ако не произведувате производи во Америка, но ќе мора да платите царина, нагласи тој.

Како што најави тој, царините ќе бидат во „различен износ“, но царинските приходи  ќе бидат насочени стотина милијарди долари во државната каса, со кои ќе се засили американската економија и ќе го отплатат долгот, пренесе „Блиц“.


 

фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО