Економија

ИТАЛИЈА НАЈАВИ УКИНУВАЊЕ НА ЗАБРАНАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА

Италија има за цел до крајот на 2027 година да го доврши планот со кој повторно ќе се дозволи користење на нуклеарна енергија и да се укине забраната за нејзина употреба пред 40 години, изјави Гилберто Пикето Фратин, министерот за енергетика  во интервју за европска телевизија.

Нуклеарните централи се забранети во Италија по одржувањето на референдумот од 1987 и 2011 година, а сегашната влада работи на законски прописи за укинување на забраната за употреба на новите технологии за нуклерна енергија.

Малите и софистицирани модуларни реактори можат да помогнат во декарбонизацијата на најголемите загадувачи на околината во италијанската индустрија, вклучувајќи го и производството на челик, стакло и керамички плочки.

- Италија е подготвена повторно да користи нуклеарна енергија, а ова нема да ги замени обновливите извори, туку ќе ги надополнува и ќе овозможи одржлив микс, изјави министерот Фратин, пренесува „Енергетика.ба“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО