Економија
ШВЕДСКА И ФИНСКА НЕ ПРАВАТ ДОВОЛНО ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ, посочуваат од Светскиот фонд за природа
25.01.2025
Шведска и Финска, двете земји со најмногу шуми во Европа, не прават доволно заради заштита на својот шумски фонд и не ги исполнуваат обврските од Европската Унија, се наведува во извештајот на Светскиот фонд за природа (WWF). Секоја година во двете земји се сечат илјадници хектари шуми, користејќи ги законските пропусти.
Шведска се споменува поради постојаната загуба на на старите шуми поради целосна сеча на пошумените подрачја. Приватните сопственици на шуми во Шведска бараат почитување на важечките закони, а сечата да има оправдана цел.
- Никој не сече дрвја само заради забава. Тоа се прави бидејќи има потреба, изјавил Магнус Киндбом, директор на шумарство во Шведската федерација на фармери.
Шумарската и дрвната индустрија во Шведска вработува околу 140.000 работници.
Според законодавството на ЕУ за обновување на природата 20 отсто од природните подрачја , вклучително и шумите и мочуриштата, до 2030 година мораат да се вратат во состојбата од 1950 година, пренесува „Сеебиз“.