Економија
ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА СО МАРГИНАЛЕН РАСТ НА ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА
26.01.2025
Деловната активност во еврозоната на почетокот на годината остварува маргинален раст со стабилен пораст на услужниот сектор и благ пад во индустријата, покажува прелиминарниот извештај на СиП Глобал.
Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) во приватниот сектор во еврозоната се зголеми во јануари за 0,6 бодови во однос на декември и достигна вредност од 50,2 бода, проценуваат од аналитичкиот тим во Намбуршката комерцијална банка. Вредноста на овој индекс над 50 бода сигнализира раст на активноста, а под ова ниво значи намалување на економските активности.
Германија има главна улога во подобрување на економската активност во еврозоната, чиј индекс покажува раст. Но, француската економија на почетокот на годината забележува пад, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic