Економија
КОИ ЗЕМЈИ ЌЕ ИЗГУБАТ НАЈМНОГУ ОД БЛОКОВСКАТА ПОДЕЛБА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА?
27.01.2025
Целосното раздвојување на западните и источните економии би можело да ја чини глобалната економија 5,7 трилиони долари или до пет отсто од БДП, покажува истражувањето на Светскиот економски форум.
Загубата првенствено би била последица на помалиот обем на трговија, намалените текови на капитал и пониската економска ефикасност, се додава во извештајот.
Ова сценарио најмногу би ги погодило економиите во развој, бидејќи тие би биле принудени да тргуваат исклучиво со земјите од западниот или источниот „блок“.
Во случај на блоковска поделба на глобалната економија, БДП на Индија, Бразил, Латинска Америка и Југоисточна Азија може да падне за 10 проценти.
Доколку глобалниот капитал и трговските текови беа ограничени само во чувствителните области поврзани со националната безбедност, загубата за светската економија би изнесувала околу 600 милијарди долари, пренесува „Блиц“.
фото freepic