Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА И ГОДИНАВА ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ВО МИНУС?

Германската економија ќе продолжи да опаѓа на крајот на 2025 година бидејќи нејзиниот бруто домашен производ ќе се намали за 0,1 отсто, се вели во прогнозата објавена денеска од германското индустриско здружение БДИ.

- Економската ситуација во Германија е многу сериозна, особено во индустријата, изјави Петер Лајбингер, претседателот на БДИ,.

Доколку се остварат песимистичките предвидувања, Германија би завршила со трета последователна година на пад на БДП.  Тоа би било прв ваков негативен циклус од обединувањето на Германија во 1990 година.

Повеќето аналитичари се нешто пооптимисти, и предвидуваат средна прогноза за германскиот економски раст во 2025 година од 0,4 отсто.

Бундес банка  предвидува дека германската економија годинава ќе порасне за само 0,2 отсто  и предупредува дека е можна нова „дестабилизација“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги спроведе најавените царини за увоз на стоки во САД.

Петер Лајбнигер нагласи дека следната германска влада, која ќе биде формирана по парламентарните избори на 23 февруари, ќе мора да спроведе реформи и да ги поттикне инвестициите.

- Опсегот на финансии е ограничен, па затоа буџетот мора да постави јасни приоритети кои ја стимулираат економијата, додаде Лајбнигер.

Според него, неопходни се јавни инвестиции во модерна инфраструктура, како и во трансформација и издржливост на германската економија, пренесе „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО