Економија

Во првиот квартал намалување на СДИ во Македонија

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија достигнаа вкупно 135,8 милиони евра (155,3 милиони долари) во првиот квартал од 2025 година, што е намалување за 58 проценти во споредба со нето-приливот од 327,16 милиони евра во истиот период од 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка.

Во текот на првиот квартал од 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-приливи во износ од 135,8 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (148,7 милиони евра) и сопственичкиот капитал (135,8 милиони евра), при нето-одливи кај должничките инструменти (148,6 милиони евра), се наведува во информацијата објавена на сајтот на Народна банка.

ПРЕПОРАЧАНО