Економија
Ова е ново време за Македонија, на економски напредок и инвестиции, изјави Мицкоски
08.06.2025
Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра, што е најдобар резултат од независноста до денес. Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен растот на БДП од 3,2 отсто и 4-та економија во Европа. Од двоцифрена инфлација до ниска 2,7 отсто за месец март, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски денеска во Велес на 34-тата годишна Конференција на УМС под мотото „34 години постоиме за младите“.
Мицкоски посочи дека порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво.
- Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5,2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во четири очи и денес има одговорност, нагласи Мицкоски.
Македонија се исправа, и победува. Македонија припаѓа повторно на народот. Ова е ново време, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, пренесува МИА.