Економија

АМЕРИКАНСКО-КИНЕСКИОТ ДОГОВОР ЈА ПОСКАПУВА НАФТАТА

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари  и се приближува кон 68 долари, поради оптимизмот на инвеститорите дека трговските разговори меѓу САД и Кина би можеле да ја отстранат заканата за економскиот раст и побарувачката на нафта. 

На лондонскиот пазар, цената на барелот беше повисока за 55 центи и изнесуваше 67,59 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 63 центи повисока од 65,92 долари, објави Мина.

Според економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, САД би можеле да ги укинат контролите за извоз на производи како полупроводници ако Кина ги забрза испораките на технолошки минерали и магнети.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО