Економија
Царините за увоз на кинески стоки од 55 проценти остануваат непроменети, објави американскиот министер за трговија Хауард Лутник
12.06.2025
Царините од 55 проценти за кинескиот увоз што ги наметнаа САД нема да бидат променети по склучувањето на нов трговски договор меѓу Пекинг и Вашингтон, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник.
Трговскиот договор меѓу САД и Кина е „завршен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска, неколку часа откако преговарачите од двете страни се согласија да постигнат заедничка рамка за враќање на кревкото трговско примирје.
Трговскиот договор, кој мора да го потпишат и Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, предвидува отстранување на кинеските ограничувања за извоз на ретки земни елементи и други критични компоненти за индустријата.
Тој додаде дека трговските договори со други земји може да се очекуваат веќе следната недела.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави договорот меѓу САД и Кина како извор на надеж за ЕУ.
Извор/фото МИА