Економија

Совет на НБ: Во периодот на проекциите се очекува натамошен тренд на забавување на инфлацијата

Најновите оцени упатуваат на просечна стапка на инфлација од 3% во 2025 година, наспроти октомвриските согледувања за инфлација од 2,5%. Оваа промена ги одразува малку повисоките остварувања во првиот квартал оваа година, но и нагорните ревизии на оцените за цената на суровата нафта и на основните прехранбени производи на светските берзи. Сепак, и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2% во 2026 година и ќе се задржи на тоа ниво и во 2027 година. Ризиците за инфлацијата во најголема мера се поврзуваат со геополитичките тензии, трговската неизвесност предизвикана од протекционистичките политики, нарушувањата на синџирите на снабдување и климатските фактори.

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка.

Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции.

ПРЕПОРАЧАНО