Економија

Голем пад на странските директни инвестиции во Кина

Во периодот од јануари до мај странските директни инвестиции (СДИ) во Кина изнесуваа околу 49,88 милијарди долари, што претставува намалување од 13,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави денес Министерството за трговија на земјата.

Овој пад укажува на континуирани предизвици во привлекувањето странски капитал во кинеската економија, поради геополитичките тензии, послабата домашна потрошувачка и постепеното закрепнување по пандемијата, објави Ројтерс

Падот на странските инвестиции дополнително ја зајакнува загриженоста за забавување на кинеската економија и намалувањето на довербата на странските инвеститори, пренесува Б92.

ПРЕПОРАЧАНО