Економија

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормускиот теснец, пораст на осигурувањето во бродскиот сообраќај!

Иранскиот парламент денес го одобри затворањето на Ормускиот теснец, објави Press TV, додавајќи дека највисокото безбедносно тело на Иран мора да донесе конечна одлука за оваа мерка, објави Ројтерс.

Иран претходно се закани дека ќе го блокира Ормускиот теснец, клучна поморска артерија за глобална трговија со нафта, како одговор на притисокот од Западот, објави Гардијан.

Според извори од поморската индустрија, комерцијалните бродови веќе почнале да ги избегнуваат иранските води околу теснецот.

Во исто време, осигурувањето на бродовите од воен ризик при превоз на товар во Израел во моментов е три пати поскапо отколку пред седум дена, велат извори од овој сектор.

Полисата за осигурување за седумдневно патување до израелските пристаништа сега се движи помеѓу 0,7 и еден процент од вредноста на бродот, додека пред седум дена беше околу 0,2 проценти од вредноста на бродот, објавува SEEbiz.

Во моментов, осигурувањето е поевтино отколку во ноември 2023 година, кога надмина два проценти од вредноста, веднаш по упадот на палестинскиот Хамас на израелска територија.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО