Економија

Директорот на ФЗОМ: Здравството реагира како пожарникар, потребна е јасна стратегија

Сашо Клековски бара долгорочна стратегија и дигитализација за поефикасно здравство во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе се фокусира на реформи и контрола на трошоците.

Здравствениот систем во Македонија често „гасне пожари“ наместо да се води по стратегија, предупредува Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

„Имаме институции изградени пред децении за поинаква популација. Сега ни треба реструктурирање и дигитализација“, вели Клековски. Тој најавува интеграција на јавните и приватните услуги и подобра контрола на набавките, со цел пациентите да добијат брза и квалитетна здравствена услуга без политика и корупција.

Во 2025 година, Фондот ќе се фокусира на намалување на расипништвото и развој на електронски систем за следење на услугите. „Само така ќе обезбедиме ефикасно и модерно здравство за сите граѓани“, вели Клековски.


Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК

ПРЕПОРАЧАНО