Економија

Од полноќ поевтина нафта

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на одлуката од 23.6.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,613%, кај дизелот намалувањето е во просек за 5,146% $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,462% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,906%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0856%.

Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 77,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 79,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 70,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 72,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 40,188 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2025 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПРЕПОРАЧАНО