Економија
Италија може да изгуби над 100.000 работни места поради американските царини
02.07.2025
Италија ризикува да изгуби околу 20 милијарди евра во извоз и 118.000 работни места следната година ако САД воведат царини од 10 проценти за сите европски производи, изјави денес шефот на водечкото бизнис лоби во Италија.
Претседателот на Конфиндустрија, Емануеле Орсини, истакна дека Италија не извезува само луксузни производи, кои не се премногу чувствителни на цените, туку главно машини, транспортни средства и кожни производи, објави Ројтерс.
Орсини, сепак, предупреди дека царините од 10 проценти би биле неодржливи за италијанската економија, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека ова ефикасно би се претворило во царина од 23,5 проценти, бидејќи „мора да се земе предвид и влијанието на девалвацијата на доларот во однос на еврото по изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, кое изнесува 13,55 проценти“, пренесува Политика.
фото freepic