Економија

КЛЕКОВСКИ: Буџетот за здравството за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари

Во неодамнешното интервју за Економија и бизнис, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување истакна дека зголемување на финансиите е прв неопходен чекор и, со голема поддршка од Министерството за финансии и од Владата, почетниот буџет за 2025 година е речиси 7 милијарди повисок од тој во 2024 година или околу 4,3 милијарди повисок од годишната сметка за истата година. Ова зголемување е насочено кон две главни цели: плати и лекови. Платите во јавното здравство се зголемени на двапати во ноември 2024 година и во март 2025 година и имаат кумулативно номинален раст од 17 % или реален раст од 9,4 %, а посебно се зголемија платите на медицинските сестри. Историски се зголемија капитациите на матичните доктори за над 30% како прв чекор на зајканување на примарната здравствена заштита. Лековите беа втор приоритет. Зошто? Затоа што се посебен финансиски товар за граѓаните и околу 65 % од лековите се плаќаат од џеб. Во 2024 г., за првпат по десет години е проширена позитивната листа со 9 генерички лекови, а ќе има ново проширување и во 2025 г. За посебно скапите лекови Фондот издвои околу 100 милиони евра. Само за онколошки лекови во 2025 г. се издвоени 39 милиони евра во споредба со 23 милиони евра во 2024 г. Зголемен е опфатот за пациенти со цистична фиброза и се работи на понатамошно подобрување, сите пациенти со мултипла склероза кои имаат потреба се опфатени со биолошка терапија итн. Нема група каде што не е подобрен пристапот до лекови.

Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

ПРЕПОРАЧАНО