Економија
Послабата побарувачка во САД ја намалија цената на нафтата
03.07.2025
Цените на нафтата денеска паднаа под 69 долари на меѓународните пазари, поради знаците за послаба побарувачка од САД и постигнувањето на трговскиот договор со Виетнам.
На лондонскиот пазар, цената на барелот беше за 51 цент пониска попладне отколку на вчерашното затворање на тргувањето на 68,60 долари.
На американскиот пазар денеска барел нафта се тргуваше за 59 центи пониско односно за 66,86 долари.
Минатата недела залихите на нафта во САД се зголемија за 3,8 милиони барели, а залихите на бензин за дури 4,2 милиони барели, што сигнализира забавување на побарувачката за време на летната сезона.
Неизвесноста на берзите со нафтени деривати беше ублажена од стабилното темпо на вработување во САД. Според извештајот на Министерството за труд, американските работодавачи во јуни создадоа 147.000 нови работни места , приближно исто како и претходниот месец.
Вчера од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објавија дека цената на барел нафта од нејзините членки се зголемила за 70 центи и изнесуваше 68,76 долари.