Економија
Стотина земји ќе добијат реципрочни царини од 10 отсто од САД
03.07.2025
Околу 100 земји најверојатно ќе добијат реципрочна царинска стапка од 10 отсто од Соединетите Американски Држави, изјави денес американскиот министер за финансии Скот Бесант.
Американскиот претседател Доналд Трамп до 9 јули го објави рокот за постигнување трговски договори со бројни земји низ целиот свет, објави Ројтерс.
Претходно, Бесент изјави дека сите овие земји би можеле да се соочат со значително повисоки царини, дури и ако преговараат во добра волја, додавајќи дека секое потенцијално продолжување на преговорите за царините ќе зависи од американскиот претседател.
Министерот за финансии изјави дека очекува „наплив“ на трговски договори пред 9 јули, што е рокот по кој американските царински тарифи од 10 отсто за стоки од многу земји ќе се вратат на објавените стапки на Трамп од 11 до 50 отсто, објавува Ројтерс.
- Имаме земји кои преговараат во добра волја, но тие треба да бидат свесни дека ако не можеме да ја преминеме границата затоа што не се покоруваат, тогаш би можеле да се вратиме на нивоата на царините од 2 април. Се надевам дека тоа нема да мора да се случи, рече Бесент, пренесува Блиц.
фото freepic