Економија

ШТО ГО ПРЕДИЗВИКА ДОМИНО ЕФЕКТОТ ЗА НЕКОЛКУЧАСОВЕН ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО ЧЕШКА?

Повеќечасовниот прекин на електричната енергија во две третини од Прага и низ целата северна и источна Чешка денес е предизвикан од техничка грешка, поради  прекин на кабелот на една од водовите на преносната мрежа од електраната до дистрибутивните станици, а не од сајбер или терористички напад или интервенција на странска сила, објави чешкиот премиер Петр Фијала.

Дефектот, фазен пад на далновод во западна Чешка предизвика домино ефект, исфрли еден блок од електраната Ледвице и исклучи голем дел од преносната мрежа и остави околу еден милион потрошувачи без електрична енергија, објави Чешкиот електропреносен систем (ЧЕПС).

„Можеме да исклучиме дека станува збор за сајбер напад или за мешање на странска сила. Сè уште има околу 2.000 потрошувачи без електрична енергија. Дефектите ќе бидат санирани вечерва, најдоцна до сабота наутро“, изјави вечерва премиерот Фијала по состанокот на централниот кризен штаб.

Прекинот на електричната енергија во толку голем дел од земјата предизвика сообраќаен колапс во Прага, трамваите не сообраќаа во делови од градот, а прашкото метро запре речиси еден час.  Не работеа ниту семафорите.

По три часа, сообраќајот во Прага беше целосно обновен, вечерва  и железничкиот сообраќај на северните, источните и југоисточните коридори.

Поради прекин на електричната енергија во Прага и во некои други градови, фабриките запреа со производството, а работниците од попладневната смена беа испратени дома. Во делови од Чешка беа затворени продавниците, рестораните и банкоматите, пренесува Политика.

ПРЕПОРАЧАНО