Економија

ЕУ не постигна договор за американските тарифи, преговорите продолжуваат викендот!

Преговарачите на Европската Унија денеска  не успеаја да постигнат напредок во трговските преговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Од ЕУ  може да побараат продолжување на статус кво со цел да се избегне зголемување на тарифите, изјавија денес европски дипломати запознаени со преговорите.

Европската комисија денес им соопшти на делегатите на земјите-членки дека верува оти САД се подготвени да ги „паузираат“ сегашните тарифи за партнерите со кои постигнале првични договори, со можен полесен царински режим или  целосно ослободувања подоцна.

Без прелиминарен договор, од 9 јули американските тарифи за поголемиот дел од увозот би се зголемиле од сегашните 10 проценти на стапката што Трамп ја постави на 2 април. За ЕУ, таа изнесува 20 проценти.

Двајца европски дипломати изјавија за Ројтерс дека Комисијата се чини дека е повеќе склона кон првата опција, продолжување на статус квото, а потоа продолжување на преговорите.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, вчера изјави дека ќе преговара за време на викендот, пренесува Индекс.хр.

Трамп воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, 20 проценти за увоз на автомобили и автоделови и 10 проценти за повеќето други производи.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО