Економија

БЕРЛИН ПОДГОТВУВА ПОМОШ ОД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА?

Германската влада подготвува  план за субвенции во износ од четири милијарди евра наменети за енергетски интензивните индустрии, што е клучен дел од ветувањето на канцеларот Фридрих Мерц за зајакнување на конкурентноста на домашното производство.

Наредбата вклучува покривање до 50 проценти од трошоците за електрична енергија за повеќе од 2.000 компании во хемиската и индустрија за стакло и за пластика, во текот на следните три години, објавува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на свои анонимни добро информирани извори.

Германската министерка за економија и енергетика, Катерина Рајхе, планира да го прошири постојниот режим на субвенции, кој моментално опфаќа 350 компании.

Планот за субвенции е дел од поширока стратегија за ревитализација на најголемата економија во еврозоната, која доживува најдолг период на стагнација од Втората светска војна.

Владата во Берлин верува дека помошта за тешката индустрија би можела да има позитивен ефект врз целиот синџир на снабдување.

Германското министерство за економија очекува планот да биде во согласност со новите правила на ЕУ за државна помош, усвоени минатиот месец.

Европската комисија веќе сигнализираше дека земјите-членки би можеле да субвенционираат до 50 проценти од трошоците за електрична енергија за индустријата за да ја поддржат декарбонизацијата.

Берлин е под притисок поради растечкиот буџетски дефицит, кој според проценките ќе порасне од минатогодишните 33 милијарди евра на 82 милијарди во 2025 година, а до 2029 година би можел да достигне дури 126 милијарди евра, пренесува Еуроњуз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО