Економија
Трамп објави рамковен трговски договор со Јапонија за царини од 15 проценти
23.07.2025
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп објави дека е постигнат рамковен трговски договор со Јапонија, според кој ќе се воведе царина од 15 проценти за стоки од таа земја.
„Овој договор ќе создаде стотици илјади работни места - нешто вакво никогаш порано не е видено“, рече Трамп на мрежата Truth Social, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави „ќе продолжат да имаат одлични односи со Јапонија“.
Како што најави, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари во американската економија и ќе ја отвори својата економија за увоз на американски автомобили и ориз.
Азиските берзи позитивно реагираа на рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Јапонија, а референтниот индекс во Токио Никеи 225 порасна за повеќе од три проценти, пренесува Политика.
фото freepic