Економија

Минималната кошничка покриена со половина од вредноста на просечната заработка, анализа на трендовите на куповната моќ во Србија

Куповната моќ мерена според односот на просечната, односно минималната потрошувачка кошничка и просечната нето плата во март во Србија годинава е поголема отколку во февруари, објави Министерството за внатрешна и надворешна трговија во анализата на трендовите на куповната моќ во Србија во март.

За покривање на просечната потрошувачка кошничка во март беа потребни 0,99 просечни приходи, а во февруари 1,03. Во март за покривање на минималната кошничка беа доволни 0,51 просечни приходи и 0,54 во февруари.

Просечната потрошувачка кошничка за март  во Србија изнесуваше 106.864,46 динари и беше за 173,39 динари повисока од февруарската кошничка, додека минималната кошничка беше 55.527,62 динари, 106,48 динари повеќе од февруарската кошничка.

Просечната бруто плата во март изнесувала 148.652 динари, а нето платата, т.е. без даноци и придонеси, била 108.013 динари.

Гледано по градови, во март куповната моќ над националниот просек била во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.Во другите градови што се статистички следени, просечниот месечен нето приход ја покривал минималната потрошувачка кошничка, но не бил доволен за покривање на просечната потрошувачка кошничка, пренесува Еуроњуз.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано