Економија

Вештачката интелегенција предизвика нов бран отпуштања во светските технолошки компании

Неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија е потресена од нов бран отпуштања во најголемите светски компании.

Според податоците што ги собра „Бриџ Кроникл“ (The Bridge Chronicle), повеќе од 100.000 луѓе веќе останале без работа, а предводи Интел (Intel) со повеќе од 12.000 укинати работни места ширум светот.

Следува Мајкрософт (Microsoft) кој отпушти 10.000 вработени во неколку оддели, вклучувајќи ги клауд, гејминг (заедно со развојните студија) и хардвер.

Мета (Meta) отпушти околу 8.000 работници, и покрај тоа што нуди бонуси од 100 милиони евра за нови вработувања во областа на вештачката интелигенција и забрзано гради центри за податоци за вештачка интелигенција. Меѓу компаниите кои исто така спроведоа големи отпуштања се Амазон, Гугл, Сејлсфорс и Циско.

Промената на приоритетите и новите технологии, пред сè вештачката интелигенција (ВИ), ги принудија да го прилагодат работењето.

 

Најголемата промена досега ја донесе токму ВИ, поради која компаниите воведуваат автоматизација и го намалуваат бројот на вработени. Некои извршни директори, како што се Дарио Амодеи од Антропика и Џим Фарли од Форд, предупредуваат дека вештачката интелигенција ќе ја десеткува американската канцелариска работна сила, додека директорот на Нвидиа, Џенсен Хуанг, смета дека сè зависи од човечката креативност.


Извор МИА

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано