Економија

ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА - невработеноста во Германија повторно се приближува кон границата од три милиони

Бројот на невработени во Германија се зголеми во јули за 65.000 во однос на претходниот месец, достигнувајќи ја самата граница од три милиони. Овие 2,979 милиони невработени се за 171.000 повеќе отколку во јули минатата година и највисоки за повеќе од една деценија.

Стапката на невработеност се зголеми за 0,1 процент во однос на претходниот месец, на 6,3 проценти, објави во четврток федералната агенција за труд, пренесува ДПА.

Бројот на невработени последен пат надмина три милиони во февруари 2015 година. Аналитичарите очекуваат дека пазарот на трудот повторно ќе го пробие тој праг во август, но дека потоа изгледите за закрепнување ќе се зголемат.

„Невработеноста е во пораст поради почетокот на летниот распуст. Претпријатијата вработуваат многу претпазливо“, рече претседателката на федералната агенција, Андреа Налес.

Бројот на отворени работни места се намали за 75.000 на вкупно 628.000.

Во јули, 991.000 луѓе добиле надомест за невработеност, а 3,877 милиони се квалификувале за социјална помош - во таа група има вработени кои не заработуваат доволно за да ги покријат основните животни потреби.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО