Економија

Годишната инфлација во Грција во јули зголемена на 3,1 отсто

Годишната инфлација во Грција минатиот месец минимално се зголемила на 3,1 отсто, согласно официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а за една година, над 10 проценти се поскапи цените на овошјето, кафето, кириите и струјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од јули 2024 до јули 2025 година, најголемо зголемување, за 19,3 проценти бележи овошјето, струјата е за 18,9 отсто поскапа, кафето за 16,8 проценти, а кириите се зголемиле за 11,3 отсто.

Зголемување на цените, но помало од десет отсто има речиси кај сите производи и услуги.

Во однос на намалувањата на цените има само кај неколку категории.

Најголемо е намалувањето на цената на маслиновото масло за 27,1 отсто, како и на нафтата за греење за 12,9 проценти, додека пак од прехранбените производи, единствено поевтини (за осум отсто) се тестенините. 

ПРЕПОРАЧАНО