Во јуни 2025 година се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 857 279 илјади денари, што е за 47.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (17.4 %) за објекти од нискоградба и 56 (26.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 213 објекти, на 110 (51.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103 (48.4 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови со вкупна корисна површина од 25 680 м2.