Економија
ВИСОК КВАРТАЛЕН РАСТ НА БАНКРОТИ ВО ЕУ ВО СЕКТОРОТ НА ИКТ
18.08.2025
Во Европската Унија, бројот на нови компании и банкроти се зголемува, се заклучува од извештајот на Евростат за вториот квартал од 2025 година.
Бројот на регистрирани компании во Европската Унија се зголемил за 4,6 проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година, а бројот на банкроти за 1,7 проценти.
Растот на регистрациите на компании е забележан во речиси сите сектори. Најголем квартален скок е забележан во транспортот 13,1 процент, информатичките и комуникациските услуги 8,2 проценти и финансиите 5,2 проценти, додека состојбата во индустријата остана стабилна.
Бројот на банкроти во ИКТ секторот на Европската Унија се зголемил квартално за 13,6 проценти, а во градежништвото за 8,1 процент. Спротивно на тоа, бројот на банкроти во угостителската индустрија се намалил за 7,5 проценти, како и во трговијата за 3,7 проценти, пренесува Телеграф.рс.
фото freepic