Економија

СРБИЈА ПОДГОТВУВА ПЛАН ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МАРЖИТЕ ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ СПОРЕД МОДЕЛОТ ВО УНГАРИЈА

Новиот пакет економски мерки на Владата на Србија  ќе биде презентиран во текот на претстојниот викенд и ќе овозможи намалување на цените, објави Синиша Мали, министерот за финансии.

Целта, како што објасни тој, е да се создаде систем за контрола, кој веќе се спроведува во Романија и Унгарија, преку ограничување на маржите, преку анализа на продажбата на големо и мало.

- Бараме системско решение за намалување на цените, не на краток рок преку акции, туку на долг рок со цел максимално подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече Мали.

Во услови кога стапките на раст се ниски или негативни во други земји, важно е Србија да ја зачува вработеноста, а потоа да ги зголеми платите и да не ги загрози работните места, истакнува Мали.

- За целосен ефект од зголемувањето на платите, потребна е и контрола на цените. Спроведуваме одговорна економска политика, рече Мали.

Тој додаде дека рамнотежата помеѓу помагањето на граѓаните и зачувувањето на економската стабилност е важна и нагласи дека учеството на јавниот долг во БДП на Србија е далеку под просекот на еврозоната, кој е околу 90 проценти, пренесува Нова.

ПРЕПОРАЧАНО