Економија

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ И ПОНИСКИ КАМАТИ ЗА КРЕДИТИТЕ, српскиот претседател претстави нови економски мерки

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Според него сега тиe маржи се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за подобрување на животниот стандард на луѓето во Србија.

Toj најави и намалување на каматите на станбените, готовинските и потрошувачките кредити што ќе важи за следните 365 денови.

Вучиќ на прес-конференција изјави дека во наредниот период ќе бидат донесени закони за трговија и заштита на потрошувачите, додека до крајот на годината се очекува донесување на законот за забрана на нефер трговски практики.

Дел од мерките тој ги претстави денеска, а дел ќе бидат дополнително претставени во средината на септември. Маржите ќе бидат ограничени за 23 групи производи, односно околу 3.000 производи, што се однесуваат на 24 компании. Oпфатени се 24 трговци на мало.

Како што истакна, за секој производ максималната маржа ќе биде 20 проценти, а максималниот „оф-рабат“ ќе биде 10 проценти.

„Се обидуваме да постигнеме ограничување на маржите што ќе придонесе за големо намалување на цените, вклучени се околу 3.000 производи. За да се види зошто стандардот е повисок во ЕУ - од 13 до 15 проценти оди во просечната потрошувачка кошничка, толку оди за храна. Во нашиот случај, оди помеѓу 40,6 и 47,8 проценти, во минималната потрошувачка кошничка, толку оди за храна, а потоа малку пари остануваат за луѓето за други потреби“, рече Вучиќ.

Во врска со каматните стапки на кредитите, претседателот на Србија рече дека целта е да се поттикне дополнителна потрошувачка. Поповолни кредити се обезбедуваат за граѓани со приход до 100.000 динари.

„Стапката на сиромаштија во Србија е најниска, но сè уште има луѓе кои се сиромашни, секоја година тој број се намалува. Но, ова се однесува на средната класа. Просечната плата во мај била 107.500 динари, медијалната плата е 83.525 динари. Околу 50 проценти од граѓаните примаат плата што е помала од 83.525 динари, имаме голем број граѓани кои имаат големи плати од над 100.000 динари. значајна стратификација, сакаме да им помогнеме на средната класа“, рече тој.

ПРЕПОРАЧАНО