Економија

Кина е лидер во поставување на јавни полначи за е-возила

Бројот на полначи за електрични возила ширум светот ќе доживее силен раст во наредните децении, покажува најновата прогноза од Wood Mackenzie.

Според нивната анализа, вкупната инфраструктура ќе расте со годишна стапка од над 12 проценти во периодот од 2026 до 2040 година, достигнувајќи дури 206,6 милиони полначи. Инвестициите ќе растат за осум проценти годишно, што значи дека до 2040 година ќе достигнат вредност од 300 милијарди долари.

Најголемиот дел од пазарот сè уште ќе бидат станбените полначи, кои ќе бројат околу 133 милиони. Аналитичарите истакнуваат дека и односот на бројот на електрични возила и јавни полначи исто така ќе расте - од 7,5 возила на еден полнач во 2025 година на 14,2 возила до 2040 година.

Азиско-пацифичкиот регион е предводник на глобалната експанзија, при што Кина ја одржува својата доминација во јавното полнење, додека Индија се издвојува како нов пазар во раст, објавува Autoblog rs. Таму, се очекува бројот на брзи полначи со еднонасочна струја да се зголеми од сегашните 14.000 на дури 1,1 милион до 2040 година.

Во Соединетите Американски Држави, пазарот останува стабилен, а бројот на јавни брзи полначи треба да се зголеми на 475.000, додека во Јужна Америка се забележува брз раст благодарение на зголемениот удел на електрични возила.

Европа и Блискиот Исток исто така се зајакнуваат. Европските јавни полначи растат со годишна стапка од 11,3 проценти, додека Саудиска Арабија е предводник со зголемување од 29 проценти на јавни полначи со еднонасочна струја, поттикнато од силни владини планови, пренесува Енергетика.ба.

ПРЕПОРАЧАНО