Вести
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без задржувања на границите
08.02.2026г
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.