Lifestyle

ACER ГО НАЈАВИ УЛТРАШИРОКИОТ ГЕЈМЕРСКИ МОНИТОР ОД 200HZ

 

 

Acer Предатор Z35 е најновиот член на семејството на производи на Acer, создаден за гејмери. Се работи за извонредно широк 35-инчен монитор, што го претстави производителот на саемот IFA, што се одржува во Берлин. Она што го разликува од стандардниот монитор, освен закривеноста, е тврдењето на Acer дека брзината  на „освежување“ од основната, што изнесува 144Hz, може да достигне импресивни 200Hz. Од  технологиите што се наменети за гејмерите, овој монитор користи nVidijin G-Sync и нешто што се нарекува „Ultra low Motion Blur backlight strobing“. Остатокот од спецификациите се:  резолуција од 2560x1080, AMVA матрица, време на одѕив од 12ms, 178/178 степени агол на набљудување и длабочина на боја од 16,7 милиони (8-битен). Мониторот ќе биде ставен на продажба во декември оваа година.

ПРЕПОРАЧАНО