Lifestyle

R11 – ПРВИОТ КОНВЕРТИБИЛЕН CHROMEBOOK НА ACER

 

 

 

Acer на овогодинешниот саем IFA 2015 го донесе својот најнов R11 Chromebook. Најголемата разлика во споредба со претходните модели е неговиот конвертибилен дизајн што овозможува брза модификација од лаптоп во таблет. Во однос на самиот хардвер, новиот R11 ќе биде придвижуван од интелови Celeron N3050 и N3150 процесори од Braswell серијата. Моделот со Celeron N3050 ќе биде опремен со 2 GB RAM меморија и 16 GB простор за податоци, додека моделот со Celeron N3150 ќе има 4 GB RAM меморија и 32 GB простор за податоци. Екранот за двата модела ќе биде ист, со дијагонала од 11,6 инчи и стандардна резолуција од 1366 x 768 пиксели. Заедничко нешто е и HD видеокамерата, што е подобрена во однос на претходните модели на Acer Chromebook со HDR технологија, што ќе овозможи подобрување на осветленоста и на контрастот. R11 Chromebook има поддршка за Wi-Fi и USB портови, од кои едниот е USB 2.0, а другиоте USB 3.0 стандард. Дебелината на R11-CE изнесува 19,2 mm и тежи само 1,25kg.

ПРЕПОРАЧАНО