Вести

Работењето од дома стана тренд во ЕУ

блиц свет

Според најновите податоци на „Евростат“, процентот на вработени лица на возраст од 15 до 64 години во Европа, кои поголемиот дел од своите обврски ги вршеле од дома, пораснал од 5 % на на 12,3 % за време на пандемијата ковид-19. Внатре во рамките на земјите, со околу една четвртина од вработеното население кое работните обврски ги извршува од дома, Финска го држи првото место на оваа листа на работење од далечина во рамките на Европската Унија. Веднаш зад неа се Луксембург и Ирска со удел од 20 %. Промената на навиката за работењето од дома не е толку изразена во делови од Источна Европа, особено во Бугарија, која се наоѓа на дното со само 1,2 % од анкетираните вработени, а на долниот дел од листата следува Романија со 2,5 %. Во рамките на истражувањето земени се предвид земјите од пошироката европска соработка, вклучувајќи ги тука и податоците за земјите од Европската економска област (ЕЕА) како Исланд, Швајцарија и Норвешка, додека во последниот извештај нема податоци за Велика Британија. 

ПРЕПОРАЧАНО