Lifestyle
Французите се повеќе штедат на хигиена
26.02.2024г.
Секој втор жител на Франција се изјаснил дека е придуден да ја намали личната потрошувачка на хигиенски производи поради сегашната економска состојба, ова е заклучокот од најновото истражување на организацијата Солидарна донација.
Во 2023 година процентот на луѓето кои мораат да штедат на хигиена изнесувал 34 отсто, објави „Фигаро“ на својот веб сајт.
- Оваа негативна појава не се однесува само на најсиромашните Французи, туку и на пошироката јавност, изјави Доминик Безансон од Солидарна домација.
Вкупно 40 отсто од анкетираните Французинки велат дека се ограничуваат при купувањето на шминка. Една од пет личности штеди при купување производи за бричење, околу 16 отсто од граѓаните ги ограничуваат трошоците за дезодоранси, 13 отсто за детергенти за алишта, а 12 отсто ги намалуваат трошоците за четкички за заби.
Повеќе од 20 отсто од анкетираните Французи биле ставени пред дилемата да избираат меѓу купување на храна и производи за хигиена. Во анкетата, 41 отсто од испитаниците се изјасниле дека ја контролираат потрошувачка за гелови за туширање на своите деца, 23 отсто ја контролираат потрошувачка на тоалетна хартија, а 11 отсто изјавиле дека понекогаш, не користат сапун кога се бањаат.
Жените во Франција или 16 отсто од нив се соочуваат со недостиг на пари за одржување на личната хигиена. Овој процент е двапати повисок во однос на 2019 година, кога со овие проблеми, се соочувале осум отсто од анкетираните жени, пренесува Б92.
фото freepic