Lifestyle

Што најмногу купуваат супер богатите Американци

28.02.2024г.

Најбарани се луксузните недвижности во Мајами и Европа

Четвртина американски богаташи со високи приходи, а кои поседуваат над 30 милиони долари, имаат намера да купат супер лускузна недвижност во текот на оваа година. Просечниот ултра-богаташ веќе поседува четири куќи, а една четвртина од нивниот резиденцијален недвижен имот е надвор од матичната земја, пренесува порталот за економија Сеебиз.

Пазарот со луксузни недвижности  во САД беше изложен на слаба понуда, бавна продажба и растечки цени. Лани биле извршени 34 продажби со вредност над 50 милиони долари, што е намалување во однос на 2022 година, кога се продале 45  супер луксузни недвижности. 

Експертите за промет на недвижности, проценуваат дека со стабилизацијата на каматните стапки, луксузната понуда ќе расте. Очекувањата за годинава се дека највисок раст од 4 отсто на американскиот пазар на луксузни недвижности, ќе биде остварен во  Мајами. На глобално ниво, најголем пазар за луксузни недвижности ќе биде Окленд, во Нов Зеланд, со проектиран раст од 10 отсто. На второ место е Мумбаи со раст од 5,5 отсто, следуваат Дубаи, Мадрид, Сиднеј и Стокхолм со раст од околу пет отсто.

Минатата година, на стоте најголеми светски пазари на луксузни недвижности е забележан солиден раст на просечната цена од три отсто. Најдобар пазар беше Манила, во Филипини, со раст од 26 отсто, кој беше поттикнат од зголемениот интерес на купувачите од Хонг Конг и Кина. Дубаи е на второ место со раст од 16 отсто, а следат Бахамите со 15 отсто и регионот Алгарве во Португалија со 12 отсто.

Лани, најголем пад во светот меѓу главните пазари е забележан во Оксфорд во Велика Бринаија, каде цените на луксузните недвижности се намалиле за осум отсто.

Ултра-богатите американски купувачи се повеќе се одлучуваат да иневстираат во недвижности во странство. Тие се најмногу заинтересирани за недвижностите во Лондон, чија цена е повисока од десет милиони долари. Исто така, се повеќе се насочени кон Европа, а најмногу се присутни во Италија, Франција и Португалија.


фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано