Lifestyle

Србите помалку трошат на храна, а повеќе на мобилни и на кафана!

28.02.2024г.

Со порастот на приходите на домаќинствата во Србија се променила и структурата на потрошувачката на граѓаните во последните десет години. Животниот стандард на населението расте, а тоа го покажало и анкетата за потрошувачката на населението за перидот од 2013 до 2022 година, која ја спроведе Републичкиот завод за статистика на Србија. Со истиот заклучок излезе и Народната банка на Србија, која ја објави анализата за трендовите на приходите и расходите на домаќинствата. Во наведениот период вкупните приходи, односно расположивите средства на домаќинствата се зголемени од 496 евра во 2013 година на 667 евра во 2022 година. Платите од 2022 година се повисоки за 75,2 отсто во споредба со 2013 година, пишува „Политика“.

Со растот на приходите, домаќинствата во Србија ја зголемија и приватната потрошувачка. Од 56.013 динари (495 евра) во 2013 година на 78.678 динари (670 евра) во 2022 година. Во структурата на потрошувачката на домаќинствата, се забележува постепено намалување на потрошувачката на основните производи и услуги, пред се храна, пијалаци и домување, додека истовремено се забележува постепено зголемување на расходите за производи и услуги, како што се услугите комуникација, рекреација и култура, угостителство.

Во текот на целиот набљудуван период расходите за храна и безалкохолни пијалоци, континуирано опаѓа од 39,1 отсто во 2013 година на 34,2 отсто во 2021 година. Во 2022 година овие расходи се на ниво од 35, 9 отсто,  поради зголемената инфлација и повисоките цени на храната.  Расходите за облека и обувки беа стабилни на околу пет отсто од вкупната потрошувачка. Освен за храна и пијалаци, домаќинствата издвојуваа значителен износ на расположливи средства за покривање на општите трошоци и снабдување со вода и енергија, а нивното учество исто така се намали. од 21,5 до 20,2 отсто.

Домаќинствата трошеле повеќе за комуникација, рекреација и култура, угостителство и други лични услуги. Нивното учество во структурата на потрошувачката постепено се зголеми од 16,5 на 20,1 отсто. За споредба, уделот на потрошувачката  за храна е намален во период од десет години, од речиси 60 отсто на под 50 проценти.

Во претходните десет години е забележан постепено зголемување на бројот на домаќинства кои користеле еден или повеќе патнички автомобили. Нивното учество е зголемено од 45,9 на 52,1 отсто.


фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано