Lifestyle

Македонците најбројни гости во српските бањи!

Во јануари бројот на странските туристи во Србија е зголемен за 8,3 отсто, во споредба со истиот месец лани, објави Републичкиот завод за статистика на Србија. Во истиот  период бројот на ноќевањата  е зголемен за 3,9 отсто.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи е повисок за 6,4 отсто, а на странските гости за 1,2 отсто.

Голем пораст на бројот на гостите забележа Врњачка Бања, со 10.394 посетители во јануари, што претставува пораст од 31,7 отсто.  Во овој туристички објект се остварени најмногу ноќевања, со 30.471 ноќевање или раст од 20,2 отсто во однос  на јануари 2023 година.

Во секторот на планинскиот туризам најмногу ноќевања остварил Златибор со 138 илјади ноќевања и пораст од 56,4 отсто. На второ место е Копаоник со над 108 илјади ноќевања.

Во првиот месец од годинава, најголем број на туристи во Србија имало од Македонија  и нивниот број изнесува 14.076. Најголем број на ноќевања остварите руските туристи, од 48.208 ноќевања,. Сепак тоа е пад на гостите од Русија за 26,4 отсто во однос на минатиот јануари.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано