Lifestyle

Повисоките цени за 50 отсто во Европската Унија ги поттикна измамите кај производите со маслиновото масло

02.03.2024г.

Како да препознаете квалитетно маслиново масло?

Поради високите цени и поголемата побарувачка маслиновото масло често претставува предмет на измами кај трговците на храна. Најприсутна измама е мешањето на маслиновото масло со поевтини масла за јадење, невистинито означување за потеклото и фалсификување на сертификатите за производство, предупредуваат од Сојузот на потрошувачи во Словенија. (СПС)

Разредувањето со други масла е еден од најраширените облици на економска измама во трговијата на маслиновото масло, кое може да се меша со сончогледовото масло, маслото од соја и од маслодајна репка. Познати производители на висококвалитетно маслиново масло има во Италија, Грција и Шпанија. Но, некои производители можат да го „прилагодуваат“ географското потекло на маслото, според потребите на потрошувачите!

Погрешното претставување на квалитетот на маслиновото масло е чест вид на измама. Од Сојузот на потрошувачи во Словенија ги цитираат наводите од Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата во Република Словенија, дека на словенечкиот пазар постои голем дел на неусогласеност, посебно во однос на квалитетот  и на означување на маслиновото масло.

Од СПС даваат препораки до потрошувачите како да го проверат квалитетот на маслиновото масло, кое треба да има овошен, горчлив и пикантен мирис. Бојата на маслиновото масло има различни нијанси, од зелена до зелена-жолта. Кафеавите нијанси можат да упатуваат на несакани оксидации во маслиновата течност.

Проверката на квалитетот на маслото, може да се направи така што на бела чинија да се капнат неколку капки од маслиновото масло и да се погледне на дневна или силна светлина, да се помириса и да се проба, советуваат од Сојузот на потрошувачи во Словенија, пренесува Сеебиз.еу.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО