Lifestyle

Најбогатите луѓе на светот во март се побогати за 115 милијарди долари

04.03.2024г.

Од први март, десетте најбогати луѓе на планетата поседуваат 1.560 милијарди долари, 115 милијарди повеќе од пред еден месец. Девет од десет најбогати ја зголемиле вредноста на својот вкупен имот.

Форбс ги следи светските милијардери од 1987 година, а минатата гона на оваа листа на најбогати биле 2.640 лица.

Бернард Арно е најбогата личност во светот и на ова место бил во првата половина на 2023 година. Неговото богатство се зголемило за 10 милијарди долари во текот на февруари 2024 година.

Илон Маск падна на второ место во јануари 2024 година.

Меѓу најбогатите десет во светот, осум се Американци. Сите десет најбогати, според листата од Форбс од први март се мажи, а богатството на секој од нив е над 100 милијарди долари.

Во продолжение е листата на најбогати и нивното богатство:

1.Бернард Арно 229,8 милијарди долари

2. Илон Маск 209,7 милијарди долари

3. Џеф Безос 195,5 милијарди долари

4. Марк Цукерберг 172,3 милијарди долари

5. Лари Елисон 139,4 милијарди долари

6.Ворен Бафет 134,6 милијарди

7. Бил Гејтс 127,5 милијарди долари

8. Стив Балмер 121,5 милијарди долраи

9. Лари Пејџ 115,1 милијарда долари


фото Форбс

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано