Lifestyle
Русите купувале повеќе патнички возила
04.03.2024г.
Во Русија во февруари продажбата на патнички и лесни комерцијални возила е зголемена за 1,8 пати во однос на истиот месец минатата година. Минатиот месец руските граѓани купиле речиси 113.500 возила од оваа категорија, објави денеска руското Министерство за индустрија и трговија.
Во февруари се продадени 103.300 патнички автомобили и 10.200 лесни комерцијални возила, пренесува Комерсант.
Вкупната продажба на сите видови возила во Русија за февруари изнесува 125.500, што е за 73,5 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Во оваа бројка се вклучени 10.000 продадени камиони и 2.000 автобуси.
Вкупно 183.300 илјади патнички автомобили се продадени во Русија во првите два месеци, 73 отсто повеќе отколку во јануари и февруари 2023 година, пренесува Еуроњуз.
фото freepic