Lifestyle
Колку вистински чини куќа на Сицилија купена за едно евро?
05.03.2024г.
Акцијата Куќа за 1 евро во Италија се спроведува неколку години, а во медиумите веќе се споделуваат искуства од купувачите, кои ја искористиле оваа поволност да имаат дом од соништата. Кон крајот на 2010 година градовите ширум Италија продаваа трошни куќи за едно евро. Целта беше да се привлечат странците кои би ги обновиле куќите, а со тоа да го зголемат бројот на жителите во местата кои беа на изумирање.
На почетокот изгледа дека старата градба на Сицилија изгледа како добра инвестиција. Цената од едно евро била симболична и тоа е почетокот на трошоците кои ќе следуваат за реновирање на старите куќи. Условот при продажбата беше реновирањето да заврши во одреден рок обично за три години.
Рубија Даниелс од Калифорнија, која работи во градежништвото била привлечена од оваа можност да изгради дом од соништата. Во 2019 година отпатувала на Сицилија и купила три куќи за едно евро во едно локално место.Нејзината идеја била да изгради викендица, ресторан и велнес центар.
По купувањето на трите згради платила за такси 3.300 долари. Прво ја реконструирала викендицата, од проценетите 20 илјади евра трошоците достигнале 40 илјади евра. Подоцна се проширила и на поседот на соседот, за што потрошила 22 илјади евра. Но со тоа пораснале и трошоците за реновирање од 620 квадратни метри простор на 140 000 евра за 2.700 квадрати. Во текот на наредните четири години редовно ги надгледувала градежните работи, за на крајот да потроши околу 425 илјади евра за реновирање, пишува ЦНБЦ.
Има купувачи кои подобро поминале, а реновирањето на куѓа за едно евро ги чинело десетина илјади евра, пренесува Нова.рс.
фото freepic