Lifestyle

Минимално зголемување на цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.3 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.3 %, a во однос на декември 2023 година е зголемен за 0.6 %.

ПРЕПОРАЧАНО